еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Преку моделот “се или ништо“ на продажба акции на Еуростандард банка во Гранит, Макпетрол, Реплек…

Од Македонската берза информираат дека на 02.09.2021 година, на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), од страна на продавачот Еуростандард банка АД Скопје – во стечај ќе се понудат за продажба следните пакети акции:

8.152 обични акции издадени од Гранит АД Скопје, што претставува 0,27% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 1.250 денари по акција преку моделот “се или ништо“.

235 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје, што претставува 0,21% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 82.000 денари по акција преку моделот “се или ништо“.

160 обични акции издадени од Реплек АД Скопје, што претставува 0,62% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 105.000 денари по акција преку моделот “се или ништо“.

276 обични акции издадени од Македонска Берза АД Скопје, што претставува 9,89% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 61.526 денари по акција преку моделот “се или ништо“.

890 обични акции издадени од Централен Депозитар за хартии од вредност АД Скопје, што претставува 14,83% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 15.000 денари по акција преку моделот “на парче“.

632 обични акции издадени од КИБС АД Скопје, што претставува 2,59% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 15.000 денари по акција преку моделот “на парче“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска продолжува потрагата по момчето кое со автомобил падна во Вардар кај Желино

Редакција

Средба Заев – Ахмети – Ковачевски: Новата влада ќе биде целосно фокусирана на евроинтеграциите

Редакција

13 лица од новите случаи на заразени со коронавирусот имале контакт со потврден случај

Редакција