еМагазин
Македонија

Во Струмичко и Радовишко пет независни листи за советници и една независна кандидатура за градоначалник

Пет независни листи за советници и една за градоначалник во Струмичко и Радовишко ги собраа потребните потписи за кандидатури за локалните избори во октомври.

Здружението „Здрава котлина“ под името „Стига е“ ќе има свои советнички листи во општините Струмица, Ново Село и Босилово, а потписите ги собра и советничката листа за Советот на општина Струмица предводена од Шефкет Асанов.

Во Радовиш беше поднесена една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници од Горан Поцев, кои, исто така, ги собраа потребниот број потписи.

За Општина Василево имаше поднесено кандидатура за градоначалник на Василево од Иљо Ангов, но тој не ги собрал потребните потписи.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бугарија го затвора здружението кое го отвори македонскиот клуб во Благоевград

Редакција

На престојните парламентарни избори ќе нема независни листи на пратеници

Редакција

Грипот почна да „коси“: На Инфективна клиника хоспитализирани 12 лица, едно во тешка состојба

Редакција