еМагазин
Image default
Македонија

Општина Струга бара пролонгирање на почетокот на учебната година

Општина Струга до Влада, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство и Комисија за заразни болести  поднесе барањеза пролонгирање на почетокот на учебната година во Општина Струга.

По вчерашниот состанок, на Фејсбук-страницата на Општина Струга, беше објавено дека е дојдено до заклучок дека состојбата е полоша од претходната година за што се утврдило дека почетокот на учебната година е потребно да биде пролонгиран, односно истата во Струга наместо на 1 септември да започне на 20 септември.

– Од тие причини, поврзани со епидемиолошката состојба во Струга, а и моменталните организациски услови во училиштата, при што доколку би имало настава учениците би биле во постојан контакт, особено на големите одмори каде заеднички се дружат, купуваат храна и го користат транспортот оние ученици кои патуваат од руралните средини што би било од негативно значење за нивното и здравјато на наставниот кадар, велат од Општина Струга.

Од Општината додаваат дека според добиените информации од надлежните на секое наредно дневно тестирање, каде обично се прават 100 до 120 тестови дневно, секој четврти резултат е позитивен на Ковид-19, а вчера се хоспитализирани 35 лица во Општа болница Струга, 7 во Завод за нефрологија, а во Здравствениот дом во Вевчани 120 лица се на нега во домашни услови, додека во Струга 70 на домашна нега се 70 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средните училишта во Тетово и Гостивар ќе почнат со онлајн настава, основните со физичко присуство

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 2.341 случаи на Ковид-19, реинфекции се 308, еден случај е зараза по третпат

Редакција

Седницата за реконструкцијата на Владата во понеделник

Редакција

Нов раст: 672 нови случаи на Ковид-19 од 6.770 тестирања

Редакција