еМагазин
Image default
Бизнис

Во тек е етапната исплата на августовските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 31 август започна етапната исплата на августовските пензии.

Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.8.2021 година (вторник).

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.9.2021 година (среда).

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.9.2021 година (четврток).

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 03.9.2021 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 31 август (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

„Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Николаос Воудоурис нов Претседател на УО на „Жито Лукс“

Редакција

По растот на инфлацијата, ќе има ли зголемување на каматните стапки на кредитите кои се веќе дадени?

Редакција

„Махери“ за извоз: Производите на „Алкалоид“ во САД, Русија, Британија, Германија…

Редакција