еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По растот на инфлацијата, ќе има ли зголемување на каматните стапки на кредитите кои се веќе дадени?

Зголемувањето на референтната каматна стапка за 25 процентни поени што го направи Народната банка е сигнално и добро одмерено со цел да се заштити економската активност и монетарната стабилност, оценува професорот Борче Треновски од Економскиот факултет во Скопје во изјава за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети

Ваквиот чекор на Народната банка, вели Треновски, е внимателно направен, бидејќи најавите се дека економската активност ќе забавува поради глобалните случувања, а во услови кога инфлацијата е умерено зголемена, се уште кредитниот раст е солиден, а притисоците на девизниот пазар стивнуваат.

За разлика од почетокот на кризата кога најголем дел од зголемувањето на цените во нашата економија беше увозно детерминиран, преку цените на енергијата и храната, сега полека зголемувањето на цените почнува да се придвижува и кон другите сектори и области (базичната инфлација) каде првично не се чувствуваше. Ова, посочува Треновски, се разбира, повторно доминантно е поврзано со преносните ефекти од увозните цени.

– Гледаме некое зголемување кај поголем број производи и услуги во нашата економија и она што може да се види од објавените анкети што ги прави Народната банка се дека очекувањата и кај бизнисните и кај граѓаните се дека инфлацијата ќе расте.

Со цел да се влијае на тие очекувања, мора да се прати сигнална порака која мора да биде добро таргетирана и добро одмерена со цел да се даде оптимален ефект. Ако се оди со пресилен удар или прерано се делува, тогаш може да имате несоодветен ефект, имајќи предвид дека финансиските пазари и однесувањето на економските субјекти се високо сензитивни на информации/мерки, пред се, во услови на неизвесност и нестабилност.

Како пример – дури и оние држави кои претходно веќе значајно ги зголемија референтните каматни стапки, не ја намалија стапката на инфлација веднаш, вели Треневски.Тој не очекува дека најновата одлука на Народната банка ќе се одрази значајно врз зголемувањето на каматите на кредитите што ги даваат банките, особено не врз кредитите кои веќе се дадени. – Тие кредити се даваат под одредени услови, некои од нив се со фиксна каматна стапка, така банките не прават промени во таа насока – само во екстремни пореметувања на пазарот, банките ги менуваат условите. Јас не очекувам драстична промена, истакнува Треневски во изјавата за МИА. Додава дека и со ова зголемување повторно имаме најниска референтна каматна стапка досега.  Се разбира, како што укажува, доколу инфлацијата и понатаму перзистира, новите податоци откријат негативни трендови, Народната банка ќе треба повторно и одлучно да реагира преку основните инструменти или широкиот неконвенционален инструментариум кој го има имајќи ја предвид глобалната економска/геополитичка/здравствена/нестабилност и фактот што дел од централните банки веќе планираат ако се јави потреба за преземање слични активности.

Битиќи: Зголемувањето на референтната каматна стапка не би требало да влијае на банкарските кредити

Зголемувањето на референтната каматна стапка не би требало да влијае врз зголемувањето на банкарските камати, смета вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Тој одговарајќи на новинарски прашања рече дека се работи за стандардна мерка која Народната банка ја презема за да ја осигура стабилноста на денарот и да интервенира поради увезената инфлација.

– Сметам дека зголемувањето е толку мало и не би требало да има зголемување на банкарските камати.

Само за потсетување, ќе кажам дека во изминатите две години откако сме во криза, каматите се намалени од Народна банка за скоро еден процентен поен.

Мислам дека во банкарските камати немаше таква реакција да се зголемат на повеќе од еден процентен поен и моето очекување е дека нема да има во ниту еден момент зголемување на банкарските камати, истакна вицепремиерот Битиќи.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Експлозијата во Полска ја предизвикала украинската воздушна одбрана, соопшти НАТО

Редакција

Парламентарните избори на 8. мај, заедно со претседателските, техничка влада од 28. јануари

Редакција

До петок променливо и нестабилно, од сабота постепена стабилизација на времето

Редакција