еМагазин
Image default
Македонија

Одбраната на Камчев контра АНБ: Наместо да бркате „кртови“ дадете образложение за скандалот кој го направивте

Честитајќи го двегодишното постоење на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) се надеваме дека истата во иднина во целост професионално ќе ги извршува своите надлежности, а нема да ја злоупотребува тајната служба за флагрантни злоупотреби и директно кршење на основните човекови права и слободи за што сведочиме во случајот со Јордан Камчев, вели одбраната на Камчев.

„Според брифингот на кој се тврди дека е чист случајот на “службената белешка’’, дали АНБ велејќи дека постапува по своите три основни надлежности 1) спротивставување на разузнавачки активности на други држави на територијата на Северна Македонија; 2) спротивставување на тероризам и насилен екстремизам во земјава; 3) собирање релевантни информации за евентуално загрозување на виталните економски интереси на државава, потврдува дека Јордан Камчев бил цел на обработка поради тоа што претставувал опасност за националната безбедност или можеби бил осомничен за тероризам?

Ако бил чист случајот зошто „службената белешка„ не беше презентирана на ниеден од адвокатите од одбраната на Јордан Камчев, кои според законот на АНБ поседуваа и презентираа безбедносни сертификати што им даваат целосно право да имаат увид во овој тип на „службени белешки„?

Наместо тоа, киднапираа бизнисмен врз база на усни информации, нашкртани на „службена белешка“ потпишана од страна на директорот.

Ако немала забелешка Собраниската комисија на работењето на АНБ во овој дел, зошто и самата Собраниска комисија го премолче записникот од Седницата и заклучоците од истата? Дали и пратениците потклекнаа на методите на тајната служба?

Ако беше толку чист случајот со “службената белешка“, како што се тврди, зошто судиите кои ја оценуваа и продолжуваа мерката притвор ја тргнаа оваа “службена белешка“ како основ за продолжување на мерката притвор откако на социјалните мрежи протече содржината на фамозната „службена белешка’’?

Наместо Агенцијата за национална безбедност да брка според неа т.н “кртови“, кои ја обелодениле оваа “службена белешка“ (што веројатно не им оди во прилог поради неиздржаноста и тенденденциозната провидност на нејзината содржина) нека дадат образложение и одговор за овој скандал врз основ на кој Јордан Камчев веќе шест месеци е киднапиран и држен во притвор,“ се вели во соопштението.

Реакцијата на одбраната на Камчев, следува по информацијата од АНБ, од каде велаат дека „се е документирано“ за овој случај и појаснија дека целосната документација за случајот веќе била презентирана и пред Собраниската комисија, која немала никакви забелешки.

Од Агенцијата посочија и дека се гонат „лицата“ кои биле инволвирани во објавувањето на документот, кој се смета за класифициран.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рочишта за случаите „ТНТ“, „Талир 2“ и „Ласкарци“

Редакција

Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана

Редакција

Холандскиот амбасадор му најави вето на Ахмети ако се меша во работата на судството

Редакција