еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 906 случаи на Ковид-19, 26 починати и 343 оздравени пациенти

Во последните 24 часа, од направени 6.006 тестирања, регистрирани се 906 нови случаи на Ковид-19, починати се 26 лица и оздравени 343 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

Од починатите 26, осум лица се од Скопје, шест од Тетово, Струга три, по две лица во Гостивар и Кичево, и по едно лице во Прилеп, Охрид, Дебар, Виница и Кратово.

Од новозаразените 906 лица, најмногу има во Скопје – 423, Тетово – 68, Куманово – 60, Гостивар – 51, Струмица – 39.

Во моментов активни се 14.785 случаи. Најмногу во Скопје – 5.802, Тетово – 2.004, Гостивар – 1.204 и Куманово – 922.

Целата статистика на Министерството за здравство, можете да ја погледнете на следниот линк: iph.mk.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото/видео) Борисов снимен во спална, а покрај него пиштол, евра и злато

Редакција

(ФОТО) Спасовски во Куманово се вакцинираше против Ковид-19 со кинеската вакцина „Синофарм“

Редакција

Во последните три дена 389 случаи на Ковид-19 и четири починати лица

Редакција