Вечерва во Скопје започнува меѓународниот фестивал на светлина, Skopje Light Art District, а истиот ќе трае до 11 септември.
На вкупно 15 локации, од шалтер салата на Пошта до Градскиот парк, ќе се престават 25 светлосни дизајнери и уметници.
Skopje Light Art District, кој се одржува по четврти пат, како проект потекнува од ROCK проектот, дел од Хоризонт 2020 програмата на ЕУ, наменета за истражување и иновации, каде градот Скопје е вмрежен и разменува искуства со уште 11 други градови од Европа.
Фестивалот црпи директна инспирација од најстариот фестивал на светлосна уметност, Fête des lumières кој секоја година се одржува во Лион, Франција и датира од далечната 1643-та година.
Мапа за сите локации и апликација, ОВДЕ.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.