еМагазин
Image default
Македонија

Четворица ученици од штипските основни и средни училишта позитивни на Ковид-19

Четворица ученици од штипските основни и средни училишта се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА, Марија Димитрова, директорка на  Центарот за јавно здравје-Штип.

Станува збор за двајца ученици од Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ и по еден од средното електро машинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“ и средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандански“.

Во излоација дополнително заминуваат 20 ученици, претходните денови со стартот на учебната година во изолација имаше 53 ученици. Бројката на изолирани ученици во штипските основни и средни училишта досега е 73.

Од почетокот на учебната година се до денеска регистрирани се осум ученици кои се позитивни на коронавирусот и тројца наставници од основните и средни училишта.

Во штипската ковид-центар на болничко лекување се 43 пациенти, од кои 39 во модуларната болница и седум во Кожното одделение. Во дневната амбуланта изминатите 24 часа имале 35 прегледи на пациенти.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За еден ден низ Македонија откриени дури 60 неисправни возила за јавен превоз

Редакција

Камчев за еден месеци, два пати позитивен на Ковид-19: Oдложено рочиштето за „Плацови на Водно“

Редакција

Аеродром, Карпош и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција