еМагазин
Image default
Македонија

Хари Костов сведочеше во „Таргет-Тврдина“: Прислушувањето можело да наштети на фирми конкуренти при јавни набавки

Директорот на Комерцијална банка, Хари Костов денеска сведочеше во случајот „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на масовното прислушување од 2008 до 2015 година, кога беа прислушувани новинари, бизнисмени, политичари.

Костов потенцираше дека при прислушувањето, можело да се нанесе штета на фирмите, бидејќи податоците можеле да бидат дадени на компании-конкуренти при тендери.

„На пример, кога една градежна компанија се јавува на повик за лицитација и кога од нас побарала гаранција, мене директорите ќе ме прашаат дали може да извадиме гаранција, да речеме, од 30 милиони денари. Со оглед дека гаранцијата претставува десет отсто од учеството ја јавната набавка, тогаш тој што ги прислушувал разговорите можел да ги даде податоците на други фирми конкуренти и со тоа да нанесе штета на фирмите,” рече Костов.

На денешното рочиште, како што е најавено, треба да бидат сослушани околу 20 сведоци, меѓу кои Мери Јордановска Чанчаревиќ, Игор Ивановски, Гоце Трпковски, Зоре Темелковски, Владимир Пивоваров и други.

На претходното рочиште свои искази дадоа повеќе сведоци, меѓу кои политичари и новинари кои зборуваа за тоа како и кога дознале дека биле цел на прислушување.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешното УБК, кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвинителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Судењето по предметот „Таргет-тврдина“ е започнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Функционерите ќе добијат цели плати, Уставен ги замрзна владините уредби за минимална плата

Редакција

Приведените во „Империја“ донесени на распит пред судија на претходна постапка

Редакција

Кандидатот на СДСМ, Николов е новиот градоначалник на Штип

Редакција