еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Зголемени трошоците на живот и цените на мало

Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало пораснале за 0,4 проценти. Во однос на август 2020 година, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти.

Според Државниот завод за статистика, пораст на на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1, месото за 0,9, лебот и житата за 0,7, млекото за 0,6, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0,2 отсто.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 8,4 проценти, гасот за домаќинствата за 5,6, туристичките пакет-аранжмани за 3,1, услугите за рекреација и спорт за 2, домашните миленици и сродните производи за 1,1, велосипедите за 0,9, моторните возила за 0,7, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, услугите за сместување за 0,6, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,5, мебелот и покуќнината, малите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4, ткаенините за изработка на облека, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена, другите услуги неспоменати на друго место за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите, свежото и разладеното овошје за 0,7 отсто.

Како што информира ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за 4 отсто, медиумите за снимање за 1,8, воздухопловниот патнички транспорт за 1,5, другите печатени материјали, електричните апарати за лична хигиена за 1,3, течните горива за домаќинства за 1, игрите, играчките и хобијата за 0,8, обувките, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5, големите електрични апарати за домаќинствата, другите лични предмети за 0,4 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку изнесува платата на воспитувачките, негувателките и наставниците

Редакција

Сите детали: Објавен огласот за финансиска поддршка за струја за лицата со ниски примања

Редакција

Се следи состојбата со цените, ако се оцени дека е потребно ќе продолжи Одлуката за трговските маржи

Редакција