еМагазин
Image default
Свет

„Модерна“ развива нова вакцина против респираторни вируси

Компанијата „Модерна“ соопшти дека развива единствена вакцина која ја комбинира засилувачката доза против Ковид-19 со нејзината експериментална вакцина против грип.

Компанијата се надева дека ќе успее да развие годишни вакцини против респираторниот синцицијален вирус (РСВ) и други респираторни заболувања, пренесува Гардијан.

„Веруваме дека ова е одлична можност за нас ако можеме да понудиме високо ефикасен панреспираторен годишен засилувач на пазарот. Ние веруваме дека Модерна може да биде прва на пазарот со ваква важна нова можност,“ изјави извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел.

Компанијата во моментов спроведува клинички испитувања за вакцината РСВ кај постари лица.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена, велат од СЗО

Редакција

Американски воен проект за одговор на хемиско-биолошки напади создаде ефикасен тест за Ковид-19

Редакција

Јапонските цреши процветаа во март, најрано во последните 70 години

Редакција