еМагазин
Image default
Македонија

Авганистанците кои ги прими Македонија, тема на утрешниот Совет на безбедност кај Пендаровски

Утре во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи 13. седница на Советот за безбедност.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бомбите“ може да бидат доказ и ако Обвинителството преземе дел од случаевите на СЈО, вели Русковска

Редакција

Што е кризна состојба, која за прв пат е прогласена на целата територија на Македонија

Редакција

И АРМ ќе добие ново име, кратенката за МАНУ останува

Редакција