еМагазин
Image default
Македонија

Боби Ѓошиќ назначен за в.д. директор на Центарот за култура во Струмица

Министерството за култура го назначи Боби Ѓошиќ за в.д. директор на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, откако на 8 јули годинава Управниот суд го поништи огласот за избор на директор од декември лани.

Веста за МИА ја потврдија од Центарот за култура.

Ѓошиќ е вработен во оваа установа и до изборот на нов директор ќе раководи со неа.

Лани Министерството за култура го именуваше Васил Бубев за директор, откако на конкурсот се пријавиле уште двајца кандидати. Тие незадоволни од одлуката на Министерството поднесоа тужба до Управниот суд, која беше прифатена.

Изминативе осум месеци, иницијативата „Култура или фискултура“, во која членуваат актери од Струмичкиот театар, организираше повеќе протести во Струмица и Скопје со кои укажуваа на незаконитост на постапката за избор на досегашниот директор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за градоначалникот на Шуто Оризари, незаконски поставувал директори во градинка

Редакција

Се уште е рано да не се носат маски на отворено, за свадби и за концерти, вели Филипче

Редакција

Детален преглед: Во Скопје од Ковид-19 има 139 заразени основци и 70 средношколци

Редакција