еМагазин
Image default
Македонија

Четворица германски експерти ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Ова го соопшти портпаролот на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со германските експерти кои ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница.

Во МВР, како што информира тој, веќе се подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.

– Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на Основното јавно обвинителство при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, посочи Арсовски.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски се јави по сведочењето на Алек Теранова: Од никого не сум побарал да купува било што за мене

Редакција

Над 100 полициски службеници на ФРОНТЕКС ќе бидат распоредени на границата со Грција

Редакција

Прогласена епидемија на морбили на територија на Градот Скопје: 12 нови случаи и сите невакцинирани

Редакција