Најпознатиот музички текстописец во регионот Марина Туцаковиќ почина во 67 година од животот, по долгогодишна борба со рак.
Врз нејзиното кревко здравје влијаеа и компликациите од Ковид-19.
Туцаковиќ ги напиша едни од најпознатите хитови на Балканот, а за нејзините текстови се вели дека се поезија.
Зад себе остави голема трага во музичката историја и речиси да нема познати балкански пејачи за кои не пишувала.
Едни од најпознатите песни Марина ги напиша за Здравко Чолиќ, „Бијело дугме“, Оливер Драгојевиќ, Оливер Мандиќ, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ, Слаѓана Милошевиќ, Лепа Брена, Џеј Рамадановски, Цеца Ражњатовиќ и многу други кои со нејзините песни се прославија на естрадата.
Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни, но и болни моменти, а сите ги проживеа со поддршка и љубов од сопругот Александар Фута Радуловиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Кои беа едни од најпознатите песни кои ги напиша Марина Туцаковиќ
Калиопи по повод смртта на Марина Туцаковиќ: „Колку е тешко да се простиш од најголемите“
Фото: Инстаграм/Туцаковиќ