еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

50 станови се веќе резервирани: Квадрат во East Gate Living ќе се продава по цена од 1.250-1.350 евра

Пред два месеци започна изградбата на првите четири згради од комплексот East Gate Living.

Во нив ќе има 672 стана, а 50 од нив веќе се резрвирани во предпродажбата, посочи на денешната средба со новинарите Игор Давков, извршен директор на Skopje East Gate.

Квадрат во East Gate Living ќе се продава по цена од 1.250-1.350 евра од квадрат, а цената ќе зависи од големината на станот и позиционираноста.

Во комплексот 40% од становите, кои се веќе на продажба, се еднособни, а остатокот двособни и трособни.

Има и дуплекс станови со површина од 147 метри квадратни.

Паркингот ќе ве чини 7.000 евра, одржувањето месечно по 0,25 евра од квадрат, а целиот комплекс има и свое 24-часовно обезбедување и парно.

Становите треба да се завршат за 24 месеци.

Целиот комплекс во финалната фаза треба да има 10 згради, со вкупно 1.600 станови.

Сите згради треба да бидат завршени во 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Како ќе изгледа East Gate Living, продажбата на становите започна

Мекдоналдс нема да влезе на македонскиот пазар

Трговскиот центар East Gate Mall се отвара во октомври

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Од ТРТ Балкан не потсетија колку ни е убава Македонија

Редакција

Престанува забраната за одржување семинари, обуки, работилници, курсеви

Редакција

На 12 илјади лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб

Редакција