еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за случајот „Титаник“ вратено од почеток

По предлог на јавната обвинителка Лиле Стефанова, денешното рочиште за случајот „Титаник“ се одложи за 30 септември.

Причина за ова барање на обвинителката Стефанова, беа разните поднесоци на одбраната за кои побара време за да ги разгледа.

Воедно, судењето за овој предмет е вратено од почеток поради тоа што еден член од поротата наполни 60 години. Првично, во оваа постапка, која трае од 2018 година беа сослушани над 200 сведоци.

Предмет на ова судење е незаконското финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела поврзани со изборните процеси во 2011, 2012 и 2013 година.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија

Редакција

Албанскиот политиколог Ѓета за „францускиот предлог“: Дури и да биде одобрен од Македонија, ќе остане неспроведлив

Редакција

Нови пратеници во Собранието се Јане Мицевски и Малиша Станковиќ

Редакција