еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанскиот политиколог Ѓета за „францускиот предлог“: Дури и да биде одобрен од Македонија, ќе остане неспроведлив

Клинец во процесот на проширување. Вака познатиот албански политиколог Алтин Ѓета го гледа францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија.

-Целта на Бугарија е да го направи пакетот дел од преговарачката рамка на ЕУ со С Македонија. Би било проблематично, за првпат билатерален проблем меѓу две држави да се вклучи во преговарачката рамка на целата Унија.

Тоа ризикува да го направи преговарачкиот процес на С Македонија со ЕУ во бесконечен процес. Овој пакет, дури и да биде одобрен од Македонија, ќе остане неспроведлив, како што се случи со Заедницата на српски општини на северот на Косово.

На францускиот предлог повеќе гледам како на клинец (шајка) во процесот на проширување на ЕУ во Западен Балкан отколку како решение на проблемот, оценува тој во скајп интервју за Ора њуз.

Според него, третманот на Албанија во пакет со Македонија за интеграција станал проблематичен, но, разделувањето го смета за тешко.

-Ова е спој кој стана проблематичен. С Македонија е блокирана од Бугарија, а следствено и Албанија е блокирана. Има простор да се разговара за идејата за одвојување на двете земји доколку проблемот остане, но, тоа е тежок процес. Одвојувањето на двете земји ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ и процесот на проширување. Унијата тешко е да го прифати тоа и си пука во нога, посочува Ѓета.

Додава дека со ова темпо, на Албанија ќе и требаат уште најмалку 20 години за да стане полноправна членка на ЕУ.

Претходно еден од најпознатите експерти од областа на безбедноста во Албанија,  Илир Кула, излезе со оценка дека ова што се случува со Македонија е потсмев (мајтапење) и оти е неправда која не ја заслужува.

Говорејќи за бугарското вето, што го условува отворањето на преговорите со Македонија и следствено со Албанија, Кула рече дека „секој поставува услови за С Македонија, без оглед на правата на граѓаните што живеат таму“. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жестока критика за „францускиот предлог“ од Лилјана Поповска во отворено писмо до Европските Зелени

Ида Мантон за „францускиот предлог“: Подобрете го договорот за да ја спасите Европа од самата себе

Професорката Лаброска до Макрон: Македонците имале, имаат и ќе имаат достоинство не затоа што ќе им го даде ЕУ, туку затоа што го носат во гените со милениуми

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворени 10 маркети и казни од 100.000 евра поради ненамалени цени

Редакција

КОД: Катица Јанева имала плата од 105.000 денари плус таен додаток, а Љубомир Јовевски од 80.000 денари

Редакција

Нови 21 случај на Ковид-19 од 3.358 тестирања, во Скопје 13

Редакција