еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Доктор Докиќ: „Eдна петтина од жртвите на Ковид-19 во овој период починале истиот ден кога биле примени во болница, младите не се тестираат“

Пулмологот Дејан Докиќ во гостувањето во „Само вистина“ на телевизија Канал 5 истакна дека од околу 2.000 пациенти заразени со коронавирусот кои се лекувале во ковид-центрите на интерните клиники во изминатите шест месеци, бројот на починати изнесува 381, а дури една петтина од жртвите на болеста во овој период, починале истиот ден кога биле примени во болница.

Д-р Докиќ вели дека е факт оти голем дел од ковид-пациентите се јавуваат во болница доцна, кога состојбата премногу им се влошува, и дека тоа е еден од главните фактори кои придонесуваат за високата смртност. Сепак, има и други фактори со кои се објаснува смртноста.

„Сведоци сме дека пациентите прво мислат дека ќе лесно ќе поминат, со горнореспираторни симптоми, меѓутоа болеста е таква што некаде од седмиот до деветтиот ден, кај некои пациенти, во зависност од статусот на нивниот имунолошки систем, може да се влошат.

Значи, тие се добри, седум дена мислат дека ќе оздрават, но од седмиот до деветтиот ден може да добие друг тек клиничката слика. Тоа е во зависност од нивниот имунолошки систем – значи, доаѓаме до втората причина, а тоа е имунитетот на секоја индивидуа којашто е заразена.

Ако нивниот имунитет е послаб, тој не може да се избори со вирусот. Ако, пак, имунолошкиот одговор е премногу силен, тие може да навлезат во цитокинска бура, при што голем број починуваат“, рече Докиќ.

Тој додаде дека голем дел од граѓаните, особено младите не сакаат да се тестираат. Според него, не е тоа не е поради плаќањето на тестовите, туку затоа што ако се тестираат позитивни и бидат регистрирани, тие ќе бидат во изолација и нема да можат да одат во кафулиња и ресторани.

Докиќ е противник за давање на антибиотици на болните од Ковид-19.

„Јас сум против давање антибиотици. Апсолутно нема никаква индикација да се даде антибиотик за вирусна инфекција. Напротив, може да штети, во фаворизирање на резистентни соеви.

Нерационалното давање антибиотици доведе до поголема резистентност на одредни бактерии. Ние викаме дека не треба да се препишуваат.

Само онаму каде што има докажано бактериска инфекција, накалемена на вирусната. Врз основа на ЦРП и историја на болеста, матичните лекари може да препознаат дали има и бактериска инфекција,“ вели Докиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Доктор Беќаровски: „Требаше да се направи ковид-центар во секој здравствен дом, каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Препораки за пациенти со бубрежни заболувања во услови на пандемија со корона вирусот

Редакција

Вонредна прогноза: Вечерва пороен дожд со грмежи, град и ветар, утре посвежо и врнежи

Редакција

Проф. Трајковски: Големиот наплив на печалбари деновиве не може да донесе ништо добро во епидемиолошка смисла

Редакција