еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Доктор Беќаровски: „Требаше да се направи ковид-центар во секој здравствен дом, каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка“

Доктор Нико Беќаровски во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека Македонија и по година ипол нема донесено протокол за лекување на ковид пациенти за матичните лекари, а таков протокол има само за болниците.

„Јасно им е кажано на матичните лекари дека во првите пет дена од заразувањето, не смее да си играат со Сумамед и дупли дози. Кај нас секој матичен лекар води своја политика. Некој дава антибиотик, некој ги тера на енормни токсични дози на витамини. А, првите пет дена ни се клучни.

Понтаму, требаше да се направи ковид центар во секој здравствен дом каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка. А, не да одат во болниците на преглед. Проблемот е што ние не направиме протокол за матичните лекари. А, и нив ќе им биде полесно ако имаат точни насоки.

И тие ќе беа заштитени. Лутаат и тие и пациентите им вршат притисок. Ќе слушне дека комшијата испил шест сумамеди и му било подобро и инсистира да му биде и него препишано,“ вели Беќаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Д-р Докиќ: „Eдна петтина од жртвите на Ковид-19 во овој период починале истиот ден кога биле примени во болница, младите не се тестираат“

Фото: Фејсбук/Беќаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Макпетрол“: Повторно лажна наградна игра

Редакција

Утре локална нестабилност со пороен дожд и грмежи

Редакција

Доктор Петличковски: Шест месеци по вакцинација е можно инфицирање со Ковид-19, многу повеќе отколку по месец или два

Редакција