Монструмот Харалд Копиц, кој ги уби сопствените деца во загребската населба Млинари е пуштен од болница, каде што беше згрижен поради тоа што испил голема количина на лекови, по што следувал преглед на Клиниката за психијатрија, пишува „Јутарњи лист“.
Дежурните лекари заклучиле дека нема причина за негова хоспитализација таму, односно прегледот покажал дека не е потребна итна психијатриска интервенција.
По ова Копиц бил префрлен во просторииите на Криминалистичката полиција каде што треба да биде испрашан од полицијата. Копиц треба да ангажира адвокат или пак ќе му биде доделен по службена должност, за со него да биде присутен на првото испрашување, бидејќи се товари за најтешки кривични дела.
По полициското испрашување следува кривична пријава, по што Копиц би бил во притвор од каде што би заминал во Обвинителство кога и формално ќе се отвори истрага против него.
Истрагата за тоа, како ги убил децата дали со труење на лекови или со давење, се уште трае.
Инаку, во босанскиот град Неум за утре е прогласена ден на жалост, бидејќи мајката на трите деца е по потекло од тој град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Копиц