еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во Охрид, Кавадарци, Гевгелија и Неготино

Заклучно со 26 септември, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст, информираат од Министерство за здравство.

Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31%.

„Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (63,9%), Кавадарци (64,3%), Гевгелија (61,4%) и Неготино (65,1%).

Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.

Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово.

Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат,“ се вели во соопштението.

Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себе си и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот. Ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време и на еден од најблиските пунктови до местото на живеење, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 11 починати од корона вирусот: Почина 65-годишната жена од Лабуништа

Редакција

УЕФА ја казни Фудбалската федерација на Македонија со 10.000 евра заради прекршување на ковид-протоколи на Еуро2020

Редакција

Вучиќ победи на изборите во Србија

Редакција