еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Јутарњи лист“ за убиството на децата во Хрватска: Искусниот финансиски консултант на „Фејсбук“ најави дека може да се случи нешто страшно

За таткото кој утрово во Хрватска си ги уби трите деца, „Јутарњи лист“ пишува дека е австриски државјанин со адреса на живеење во Загреб и сопственик на консултантска компанија.

Според пишувањата на овој медиум тој бил искусен финансиски консултант кој дипломирал на Донау-Университат Кремс со магистерски студии по бизнис-администрација (МБА), работел во некои водечки австриски лизинг-компании, но и на менаџерски позиции во „Роберт Бош АГ“, „Алкател АГ“ и други.

Неофицијално, тој бил разведен од сопругата, а децата овој викенд требало да бидат со него.

Дека нешто страшно може да се случи, тој најавил околу полноќ на Фејсбук, каде меѓудругото напишал „Збогум на сите“.

Како мотив го навел лошиот однос помеѓу неговата девојка и поранешна сопруга.

Во статусот навел дека во последната година се обидувал да се врати на работа но неговите браќа од масонската ложа не му помогнале.,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејна трагедија ја потресе Хрватска: Татко си ги убил трите деца на возраст од 4 и 7 години, па се обидел да се самоуби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за рекордната 7-ка на Лото 7 вредна 669.000 евра, која „падна“ во Визбегово

Редакција

Грција не ни размислува за отворање на границите: Најавени дополнителни мерки за Македонија

Редакција

Антикорупциска поднесе иницијатива до ОЈО за кривично гонење на поранешниот министер за култура Исмаили

Редакција