еМагазин
Image default
Бизнис

Сител лани најгледана телевизија, втора Канал 5

Од петте телевизии што емитуваат програма на државно ниво преку терестријален предавател (Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма), најгледана телевизија во 2020 година била Сител, со просечен дневен досег од 52,29% и просечен неделен досег од 67,16%, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Канал 5 била втора најгледана телевизија, со просечен дневен досег од 47,97% и просечен неделен досег од 63,77%.

Во 2020 година, гледаноста на петте терестријални телевизии кои емитуваат програма на државно ниво, како и на трите канали на јавниот радиодифузен сервис е во пораст во однос на минатата година, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сител, Канал 5, Телма и Алфа лани оствариле загуба, Алсат-М работела со добивка

Колкави приходи лани оствариле Сител, Алсат-М, Телма, Алфа и Канал 5

Колкави трошоци лани имале Сител, Телма, Алсат-М, Канал 5 и Алфа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освојување на странски пазари – приоритет за Американската стопанска комора

Редакција

Општините Струмица, Теарце, Сарај и Град Скопје не добија пари од унгарскиот кредит

Редакција

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

Редакција