еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сител, Канал 5, Телма и Алфа лани оствариле загуба, Алсат-М работела со добивка

Во 2020 година, само Алсат-М од петте телевизии што емитуваат програма на државно ниво преку терестријален предавател остварила позитивен финансиски резултат (добивка во износ од 0,53 милиони денари), покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Останатите четири телевизии годината ја завршиле со негативен финансиски резултат (загубата на Сител изнесувала 21,89 милиони денари, на Канал 5, 12,11 милиони денари, на Телма, 17,47 милиони денари, а на Алфа, 8,85 милиони денари).

Во секоја од последните пет години Алсат-М остварувала добивка, а Телма загуба. Канал 5 и Сител за прв пат во 2020 година работеле со загуба, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави трошоци лани имале Сител, Телма, Алсат-М, Канал 5 и Алфа

Колкави приходи лани оствариле Сител, Алсат-М, Телма, Алфа и Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито лукс со загуба во првите девет месеци

Редакција

Вакцината на „Џонсон&Џонсон“ против Ковид-19 може да предизвика ретко невролошко нарушување

Редакција

„Гранит“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за докомплетирање на автопатот Миладиновци-Штип вреден 5,7 милиони евра

Редакција