еМагазин
Image default
Бизнис

Жито лукс со загуба во првите девет месеци

Во третиот квартал од 2022 година, Жито лукс АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 14.253 илјади денари, со што се намали загубата од првата половина од годината, но не доволно за да се покрие негативниот ефект од замрзнатите цени во јануари и февруари, како и огромното зголемување на цените на енергенсите и суровините, информираат од компанијата преку Македонската берза

-Земајќи го во предвид сето ова, компанијата за период од 01.01.2022 до 30.09.2022 оствари загуба пред оданочување во износ од 31.701 илјади денари.

Приходите од продажба се зголемени за 20%, при што приходите од продажба на домашен пазар бележат зголемување за 19%, додека приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 41% во споредба со минатата година.

Порастот на продажбите на домашен пазар се должи на корекцијата на цените во текот на годината, но и тие зголемувања не беа доволни за да се покрие континуираниот растечки тренд на цените на инпутите.

Останатите оперативни приходи изнесуваат 14.327 илјади денари и се зголемени за 52%, како резултат на еднократен ефект, споредбено со истиот период минатата година.

Трошоците на произведени производи изнесуваат 689.564 илјади денари, што претставува зголемување за 29% во споредба со истиот период претходната година.

Зголемувањето се должи пред се на претходно споменатиот раст на производните инпути.

Административните трошоци се зголемени за 4%, додека трошоците за продажба и дистрибуција се зголемени за 13%, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Асенчо Ценов влезе во Управниот одбор на Жито лукс

Антоанела Петровиќ на местото на Иоаннис Пападопоулос во Управниот одбор на Жито лукс

За надоместоци за менаџментот на Жито лукс лани потрошени 13,8 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со „Даути комерц“ вреден 700 илјади евра

Редакција

Лотарија на Македонија со намалена добивка

Редакција

Струмичка „Атлантис“ го доби тендерот на НБРМ за набавка на авиобилети вреден 15 милиони денари

Редакција