еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави приходи лани оствариле Сител, Алсат-М, Телма, Алфа и Канал 5

Петте телевизии што емитуваат програма на државно ниво преку терестријален предавател (Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма) заеднички оствариле вкупни приходи во износ од 967,86 милиони денари, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2020 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сител, Канал 5, Телма и Алфа лани оствариле загуба, Алсат-М работела со добивка

Колкави трошоци лани имале Сител, Телма, Алсат-М, Канал 5 и Алфа

“Ова се најниски приходи во периодот од последните пет години, а во споредба со претходната година намалувањето е за 13,62%.

Намалувањето на приходите ќе беше уште поголемо без различните видови финансиска помош што ја добија радиодифузерите во 2020 година, а која беше доделена за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19.

Вкупно 68,4 милиони денари изнесуваат донацијата од АВМУ во висина од по 4,36 милиони денари за секоја телевизија, финансиската помош од Владата за „надомест на трошоци кон операторот на дигиталниот терестријлен мултиплекс“ во висина од по 5,6 милиони денари, исто така за секоја телевизија, и субвенциите на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите во вкупен износ од 18,59 милиони денари за сите пет телевизии.

Покрај овие средства, телевизиите користеа и помош за исплата на платите на вработените – финансиска поддршка што ја овозможи Владата за работодавачите од приватниот сектор.

Освен Канал 5, која има незначително зголемување на вкупните приходи (за 0,1%), кај останатите четири телевизии вкупните приходи се намалени, а најмногу кај Сител (за 25,05%).

Приходите на Алсат-М се пониски за 11,15%, на Алфа за 9,71%, а на Телма за 1,44% отколку во претходната година“, стои во Анализата.

Највисоки вкупни приходи и оваа година остварила Сител – 360,35 милиони денари.

“На второто место е Канал 5 со вкупни приходи во износ од 225,95 милиони денари, а на третото Алсат-М со 141,88 милиони денари.

Телма и Алфа прикажале речиси исти приходи (119,79 милиони денари, односно 119,89 милиони денари).

Од рекламирање овие пет телевизии заеднички оставариле 821,86 милиони денари, што е најмалку во периодот од последните пет години.

Приходите од реклами се за 16,56% пониски од приходите во 2016 година, за 11,97% од 2017 година, за 16,23% од 2018 година и за 22,64% од приходите од рекламирање во 2019 година.

Ако од вкупните приходи од рекламирање се одземат приходите што во 2020 година овие телевизии ги оствариле од платено политичко рекламирање за предвремените парламентарни избори и за локалните избори во општините Штип и Пласница (вкупно 59,78 милиони денари), тогаш приходите од комерцијално рекламирање изнесуваат само 762,08 милиони денари.

Најмногу приходи од платено политичко рекламирање оствариле Канал 5 (14,93 милиони денари) и Сител (14,76 милиони денари). Алсат-М прикажала 13,71 милион денари, Телма 8,61 милион денари и Алфа 7,77 милиони денари.

Сите пет телевизии оствариле помалку приходи од рекламирање отколку во претходната година, и тоа Алфа за 16,73%, Алсат-М за 18,54%, Канал 5 за 14,16%, Сител за 28,27%, а Телма за 10,99%.

Приходите од реклами претставуваат 84,91% од вкупните приходи на овие телевизиии и се доминантен извор на приходи кај секоја од нив.

Значајно учество во вкупните приходи оваа година имаат т.н. “останати приходи“ поради тоа што во оваа категорија е прикажана финансиската помош за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

Сител и Канал 5 оствариле 60% од приходите од рекламирање на овој сегмент од телевизискиот пазар“, стои во Анализата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет вработува 7 службеници

Редакција

Колкава плата лани имал Слободан Кутревски: Пекабеско ги објави платите на менаџментот

Редакција

Битолски СН Брокер лани со зголемена добивка

Редакција