еМагазин
Image default
Балкан

Во Брисел постигнат договор меѓу Косово и Србија за регистарските таблички

Косово и Србија денеска постигнаа договор со посредништво на Европската унија.

Главните преговарачи од српска и косовска страна го поминаа целиот вчерашен ден и дел од денешниот во билатерални преговори со специјалниот претставник за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Попладнево, Европската комисија потврди дека двете страни постигнале договор за спорот околу регистарските таблички.

– Претседателката Урсула фон дер Лајен го поздравува договорот постигнат по преговорите кои се одржуваат од вчера наутро. Овој договор доаѓа додека претседателката ја финализира својата тура низ Западниот Балкан. Таа вчера се сретна со властите во Косово, а денеска во Србија и ги повика двете страни да постигнат договор што поскоро и да ја деескалираат ситуацијата, изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската комисија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вo Хрватска протекоа повеќе од 180.000 лични податоци на граѓани од компанијата ЕОС Матрикс, која помага за наплата на долгови

Редакција

Леталото со бомба од 120 килограми кое падна во Хрватска било украинско

Редакција

(Видео) Две девојки се сончаа голи во центарот на Солун

Редакција