еМагазин
Image default
Бизнис

Граѓани од животно осигурување за шест месеци наплатиле 4,6 милиони евра

Граѓани од животно осигурување за шест месеци наплатиле 4,6 милиони евра. Истовремено, во полиси за осигурување живот граѓани и компании (за нивни вработени) вложиле 14,8 милиони евра или 9,6 отсто повеќе од истиот период 2020 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Според АСО, пет осигурителни компании исплатија 281,3 милиони денари за осигурување живот на свои осигуреници во првите шест месеци годинава. Во споредба со истиот период лани исплатените износи (бруто исплатени штети БИШ), за осигурување живот кои осигуреници ги наплатиле, се зголемени за 42 отсто, односно 1,36 милиони евра.

Осигурителните полиси за осигурување живот, во зависност од условите на договорот т.е. полисата, покриваат ризици од смрт, инвалидитет, но воедно и многу често можат да бидат и начин на штедење. При тоа осигуреникот освен вложените средства може да добие и дел од приносот (камата) на вложените средства.

Најголемо учество во вкупната исплата имаат полиси за животно осигурување кај кои осигуреникот добива и дел од приносот (камата) на вложените средства. По тој основ во првото полугодие годинаа се исплатени 245,9 милиони денари.

Значајно за истакнување е тоа што во овој период компаниите исплатиле 86,77 милиони денари на осигуреници кои одлучиле пред истек на договорениот рок за осигурување да ги повлечат своите вложени пари (таканаречен „откуп на полиса“).

Во споредба со истиот период лани овој износ годинава е повисок за 36 отсто. Откупот на полиси во пракса може често да се случи доколку осигуреникот добие подобри услови за вложување во некоја од конкурентските компании за осигурување живот.

Кај набрзо растечкиот од продуктите на осигурување живот т.н. „јунит линкд“, кога осигуреникот го прифаќа ризикот од вложување во удели на инвестициски фондови, има тенденција на раст на исплати. За првите шест месеци годинава иматели на вакви полиси наплатиле 10,46 милиони денари (170.000 евра) и тоа е за 91 отсто повеќе од истиот период 2020 година.

Во првите шест месеци годинава граѓани и компании вложиле 908 милиони денари (14,76 милиони евра) или 9,6 отсто повеќе од истиот период лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска радиодифузија вработува 45 лица, плата до 30.326 денари

Редакција

Општина Липково во селото Слупчане ќе гради Спомен кула во чест на ОНА, вредна околу 200 илјади евра

Редакција

Од лични причини, Томислав Тунтев поднел оставка од функцијата директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Редакција