еМагазин
Image default
Македонија

МВР го заврши извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово

Извештајот од Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при МВР од извршениот увид на местото на пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска е пристигнат во Основното јавно обвинителство Тетово.

Како што информираат од ОЈО, извештајот ќе биде разгледан и анализиран од страна на обвинителите, а се очекува да пристигнат и извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки.

– Дејствијата за утврдување на причините за настанатиот пожар кои ги преземаат петмината обвинители континуирано се одвиваат. Во момeнтов се врши сослушување на членови на Комисии за импелементација, следење и технички прием на модуларните монтажни контејнери, кои биле со решение формирани од Министерството за труд и социјална политика, информираат од ОЈО.

Од извештајот за причините за избувнувањето на пожарот на 8 септември во модуларната ковид болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, ќе зависи и одлуката на премиерот Зоран Заев, за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче, заменик министерот Илир Хасани и двајцата директори на Тетовската болница.

Премиерот Заев, денеска изрази очекување дека форензичките извештаи и анализите на вештачењето за пожарот во модуларната болница во Тетово се при крај и ќе бидат објавени час поскоро.

– Колку е поскоро, толку подобро, за да ги решиме сите дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности.

Ред е да се објави тој извештај за да можам и јас да го кажам својот став по повод понудените оставки од министерот, заменик-министерот…, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Во истрагата, покрај домашните истражни органи, се вклучија и германски експерти.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 889 случаи на Ковид-19, оздравени 1.228, десет починати лица

Редакција

Поради 8 здравствени работници кои заболеле од Ковид-19, штипска Кардиологија и Физикална терпарија не примаат пациенти

Редакција

(Фото) Заев во друштво на Трамп на Самитот на НАТО во Лондон

Редакција