еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Галерија) Американската амбасадорка Брнз со сопругот во посета на „Лајка“

Американската амбасадорка Кејт Брнз, придружувана од својот сопруг Лери Скот Гејџ, денеска беше во посета на ЈП „Лајка“.

Директорката на ЈП „Лајка“, Тина Петрушевска ја запозна амбасадорката со тековните активности и со долгорочната мисија на претпријатието кое се грижи за благосостојбата на бездомните кучиња на територија на град Скопје, информираат од ЈП „Лајка“.

Во рамки на посетата, Брнз ја посети ветеринарната служба на прифатилиштето каде се спроведува хуманиот третман, а исто така во паркот за миленици имаше одлична дружба со дел од кучињата  подготвени за вдомување, информираат од таму.

Фото: ЈП Лајка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени

Редакција

Од Систина го демантираат синот на Амди Бајрам, тестот за Ковид-19 му бил позитивен

Редакција

Заборавете на бактерии и вируси со правилно чистење и одржување на клима уредот

Редакција