еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Од Систина го демантираат синот на Амди Бајрам, тестот за Ковид-19 му бил позитивен

Од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ велат дека синот на Амди Бајрам, Габриел, дошол да се тестира во лабораторијата на болницата на 26 октомври и добил позитивен резултат на тестот направен со ПЦР метода.

„Со оглед на тоа што резултатот од молекуларниот тест бил позитивен, освен на лицето, известување за тоа е испратено и до Институтот за јавно здравје што е задолжителна обврска.

Во целост ги отфрламе и тврдењата дека нашата болница го информирала лицето дека има негативен резултат на ПЦР молекуларна детекција на вирусот Сарс Ков 2“, велат од Систина.

Бајрамови пак за „Фокус” изјавиja дека Габриел Бајрам прво добил информација од Систина дека е негативен на коронавирусот, за потоа да му кажат дека е позитивен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синот на Амди Бајрам, Габриел негативен на корона вирусот

(Видео) „Слободен печат“: Околу триста лица на погребот на Амди Бајрам

Амди Бајрам бил позитивен на Ковид-19

Фото: Фејсбук/Габриел Бајрам

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 9 случаи на ХИВ/СИДА во ноември во Скопје, Гостивар, Охрид, Демир Капија и Делчево

Редакција

Revalid®: Уште неколку дена до крајот на наградната игра за да освоите патување во Швајцарија

Редакција

Проф. Трајковски прогнозира: „Ковид-19 ќе биде сезонски вирус, а на пандемијата, најдоцна до есен следната година и се наѕира крајот“

Редакција