еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски прогнозира: „Ковид-19 ќе биде сезонски вирус, а на пандемијата, најдоцна до есен следната година и се наѕира крајот“

Ковид-19 ќе биде сезонски вирус, а на пандемијата, најдоцна до есен следната година и се наѕира крајот, прогнозира професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој применува математички методи во предвидувањето на трендовите со коронавирусот, и до сега, успешно ги предвидел сите бранови.

Оваа проценка, за емисијата „Агенда 35“ на МРТВ, влева оптимизам за 2022 година, имајќи предвид, дека веќе две години светот се бори со вирусот, за кој, се веруваше дека ќе исчезне со вакцинацијата.

Но, денес имаме состојба со недостаток на вакцини во посиромашните држави, и недоволен број на вакцинирани во државите кои вакцините ги имаат на располагање. Нерамномерната вакцинација, на вирусот му овозможува мутирање во повеќе соеви, а најнов е омикрон, кој се појави во Јужно-африканската република и кој се пренесува со досега невидена бризна.

Засега во Македонија преовладува делта сојот, но Трајковски прогнозира дека на почетокот на 2022 година, односно кон средината на јануари, омикрон ќе стане доминантен сој и во февруари, тој би го достигнал својот врв.

Трајковски вели дека, тешко е да се каже дали во иднина би се појавил сој, кој повеќе би бил пренослив од омикрон. Доколку стапката на хоспитализираност поради него остане ниска, како што е сега во одредни држави, тогаш би можеле да бидеме задоволни, бидејќи се истиснуваат други поопасни соеви.

„Статистички, барем до сега, во светот месечно се појавуваат барем две нови мутации, меѓутоа не сите, стануваат доминантни. Да се потсетиме на соевите Ми, ламда, кои, иако на почеток беа значајни како варијанти на инетерс и на загриженост, со текот на времето ја изгубија трката со делта сојот.

Меѓутоа, омикрон сојот е нешто поинаков и неговата преносливост до сега е невидена. Најверојатно, уште долго време тој ќе владее во светот, барем уште првите неколку месеци од Новата година.

Како што гледаме, новите варијанти за загриженост, се појавуваат во некој просечен интеревал од шест месеци. Всушност, доколку навистина стапката на хоспитализираност, остане вака ниска како што гледаме во некои земји, ние дури би можеле да бидеме задоволни со брзината на ширење на омикронот, бидејќи ги истиснува другите поопасни соеви,“ објаснува Трајковски.

Професорот предвидува дека нема да има преполнување на болниците поради омикрон. Но, не смееме да се опуштиме, затоа што последиците на пандемијата не се мерат само со хоспитализираност и со број на починати, туку и со изгубени работни часови и пад на економијата.

„Меѓутоа јасно е дека и при двапати поголем број на случаи од омикрон сојот, поради трипати помалата преносливост, ние во претстојниот бран нема да имаме поголем притисок врз болниците, отколку во текот на априлскиот бран.

Значи најверојатно никогаш нема да надминеме 1.500 хоспитализирани во нашите болници. Особено што и времето на лекување е многу пократко, се движи од три до пет дена, така што болниците дури и забрзано да се полнат, уште побрзо ќе се празнат, па никогаш нема да постигнеме типично ниво на пополнетост,“ вели Трајковски.

Голем број на научници и институции предвидуваат крај на пандемијата следната година. Според Трајковски, некои тоа го предвидуваат за на пролет, други за подоцна, но до крајот на годината, Ковид-19 нема да биде тема во медиумите.

„Со секој нареден сој, со секој нареден бран, расте прележаноста на населението, расте опфатот со вакцинација, па иако новите варијанти и новите мутации на вирусот, во извесен степен се помалку чувствителни на вакцините, сепак во иднина, секој нареден бран, може да биде се послаб.

Така што, веќе со доаѓањето на летото, бројот на случаи во нашата држава ќе стане едноцифрен на дневно ниво, односно ќе влеземе во т.н режим на спорадично заразување.

Така што остатокот на годината, до доаѓањето на следната есен, ќе уживаме во ниските броеви. А потоа, наредната зима може да се појават некои други соеви, може да останат и сегашните соеви, но тоа ќе се сведе на некаква сезонска настинка, без преполнување на болниците, односно болеста Ковид-19 ќе престане да биде тема на медиумите,“ додава Трајковски.

Трајковски вели дека рестриктивните мерки, кои ги гледаме во голем број на европски држави се поради тоа што големиот број на заразени негативно ќе се одрази на работниот процес и на економијата во целост. Новиот омикрон сој, не може да се елиминира целосно, само со вакцинација, туку со комбинирани рестриктивни мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Прележаните од Ковид-19 имаат поголема можност да се заразат со омикрон, отколку со делта-сојот

Проф. Трајковски: Смртноста од Ковид-19 е многу висока, 4%, граѓаните да се заштитат со бустер доза

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачен пар се удави во Радика, откако нивниот автомобил излетал од патот

Редакција

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Редакција

Тетовско-гостиварската епархија поднесе жалба на решението за рушење на крстот на Попова Шапка

Редакција