Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица од Ковид-19: 5 починати лица од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021 година.
Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на починати изнесува 6.719.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 523 болни од Ковид-19
185 нови ковид-случаи, 99 во Скопје
Фото: МЗ