еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Инцидент и навреди на чествувањето на 11 Октомври во Могилата на непобедените во Прилеп

Денеска, среде одбележувањето на 11 Октомври и 80 годишнината од народното востание, активисти на Левица, во криптата на Могилата на непобедените во Прилеп се обидоа да предизвикаат инцидент кога државниот врв ги полагаше цвеќињата и венците и им оддаваше почит на борците чии мошти се во Криптата.

Обидот за предизвикување иницидент на активистите на Левица беше неуспешен. Никој од обезбедувањето не презеде ништо, туку само мирно беа заобиколени активистите и им беше оддадена почит на загинатите прилепски борци во НОБ и револуцијата.

Ова се случуваше пред да се одржат обраќањата на претседателот Стево Пендаровскии, на Круме Соколоски од прилепскиот Сојуз на борци и на градоначалникот Илија Јованоски.

Во криптата на Могилата на непобедените се моштите на 462-јца прилепски борци од вкупно 650-те што ги дал Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава, вели Пендаровски

МИА/Фото: Кабинет на претседателот/видео: МРТ/Фејсбук/Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијанса за Албанците за инцидентот во Собрание: ДУИ е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам

Редакција

И Полска нема да присуствува на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Редакција

Кои министерства ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а кои „Вреди„ и ЗНАМ

Редакција