еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алијанса за Албанците за инцидентот во Собрание: ДУИ е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам

Координаторот на срамот, криминалот и корупцијата денеска се обиде да манипулира со јавноста и да го одбрани тешкото прекршување што синоќа го направи над Уставот и демократијата, велат од Алијанса за Албанците во врска со инцидентот со пратеникот на ДУИ и кординатор на пратеничката група, Арбер Адеми, во македонското Собрание, во кој настрада и нивни пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Насилство во Собрание: Адеми од ДУИ со шолја за кафе го погоди Азири од Алијанса, а Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со шише

“Тој рече дека власта ја спроведува реформската агенда, додека синоќа со насилство и вандализам во комисијата прошверцува закон со кој се продолжува мандатот на судиите и обвинителите кои треба да се пензионираат и кои целата јавност се сеќава како се именувани со пазарењата помеѓу Блерим Беџети, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, а подоцна и со Зоран Заев и Боки 13.

ДУИ го штити партизираното судство и обвинителство, бидејќи само во ваква форма можат да се заштитат од 20 години криминал и корупција.

Спомна и странски агенди алудирајќи на руските, па затоа сакаме да го потсетиме дека руската агенда е парцелата за Дака Давидовиќ, антизападните амбасадори и тајните средби на Али Ахмети со рускиот и српскиот амбасадор што и самиот негов претседател ги потврди.

По насилството кое Талат Џафери го манифестираше врз вработените во Собранието, неговата диктатура врз албанските опозициски пратеници, синоќешниот чин во Комисијата за европски прашања, е само потврда дека ДУИ нема никаква врска со Европа, реформи или демократија.

Овој клан е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам, кој мора итно да се отстрани од институциите и од власта“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Адеми од ДУИ кој гаѓаше пратеници со шолја и шише во Собранието

Адеми од ДУИ на „тапет“ на Твитер за инцидентот во македонското Собрание

„Летаа филџани и шишиња во македонскиот Парламент“: Адеми од ДУИ стана регионална ударна вест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словачка ќе формира влада со екстремната десница, земјата ќе ја прекина воената помош за Украина

Редакција

(ВО ЖИВО) Инагурација на новиот американски претседател Џо Бајден

Редакција

Трамп го испрати за ратификација протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Редакција