еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Словачка ќе формира влада со екстремната десница, земјата ќе ја прекина воената помош за Украина

Претседателот на партијата СМЕР-ССД, Роберт Фицо, победник на парламентарните избори во Словачка, изјави дека е постигнат договор со екстремно десничарската партија СНС и левичарската партија ХЛАС-СД за формирање на идната владина коалиција.

„Се договоривме за заедничко формирање влада. Тоа е основата на коалицискиот договор што сакаме да го склучиме што е можно поскоро“, изјави Фицо.

Неговата партија СМЕР-ССД освои 23 отсто од гласовите на изборите на 30 септември. По нив следи либералната Прогресивна Словачка (ПС) со 18 отсто, а трета е партијата ХЛАС-СД на поранешниот премиер Петер Пелегрини.

СМЕР-ССД ја засноваше својата кампања на ветувањата дека ќе ја прекине воената помош за Украина. Фокусот на кампањата на Фицо беше и противењето на илегалната миграција, критикувајќи ја преодната влада дека не направила повеќе и дека не ги суспендирала шенгенските правила за „отворени граници“.

Ден по изборите, Фицо рече дека Словачка има „поважни проблеми“ од помагањето на Украина.

„Сметаме дека Украина е огромна трагедија за сите. Ако СМЕР биде задолжена за формирање влада… ќе направиме се што можеме за да организираме мировни преговори што е можно поскоро“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проруска партија победи на парламентарните избори во Словачка

МИА/Фото: Фицо/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 339 болни од Ковид-19

Редакција

Угина последната жирафа во скопската Зоолошка градина

Редакција

Почна кампањата: Пендаровски, Силјановска и Река под лупа

Редакција