еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уште 9 македонски државјани го напуштија Израел, уште околу 100 чекаат да заминат

Уште девет македонски државјани го напуштија Израел, преку различни транспортни рути, и тоа: четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград. Заедно со оние кои претходно тоа го сторија, вкупната бројка за изминативе три дена се искачи на 40 наши државјани што го напуштија Израел, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

МНР соопшти и дека дваесет пријавени граѓани од пограничните региони, кои се сметаа за безбедносно – ризични, утрово се префрлени на безбедна локација во Тел Авив, од каде ќе се работи на нивно заминување од Израел.

-За жал, неколку од летовите за кои веќе беше обезбедено место дел од нашите државјани да го напуштат Израел во текот на вчерашниот ден беа откажани, па активностите за нивно приклучување во некои од денешните летови продолжува денеска, велат од таму и потенцираат дека Амбасадата на Македонија во Тел Авив е во постојана комуникација со сите нашите државјани во Израел и во координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни.

Точната бројка на наши државјани кои се пријавиле за асистенција за нивно заминување од Израел постојано се менува, но во моментов, таа не надминува 100 наши државјани, се посочува во соопштението од МНР.

Во меѓувреме, МНР апелира до нашите државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаеви (www.oref.org.il), односно тн. Home Front Command, специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението, како и да се почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел.

Потсетуваат дека Министерството за надворешни работи на Македонија на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони – 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Како изгледа Газа по нападите од Израел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Крмов кршеше во Собрание, Апасиев со чевел ставаше печат на амандманите за Деловникот

Редакција

Јордан, Чиле и Колумбија ги повлекоа амбасадорите од Израел поради нападите на Газа

Редакција

Намалување од 4,2%: За една недела 6.463 нови случаи на Ковид-19

Редакција