еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

На 11. октомври пред 82 години, партизанскиот одред „Гоце Делчев“ ја почна македонската антифашистичка борба

Пред 82 години на 11. октомври со акција на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Македонија во Втората светска војна.

Истиот ден, борци на Првиот прилепски партизански одред ја нападнаа телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12. октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Празникот 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ заедно со припадниците на останатите заедници самостојно се избори за својата слобода.

Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денеска е полноправна членка на Обединетите нации и на НАТО, кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со почнат процес за промена на Уставот, што е услов Бугарија да го тргне ветото за продолжување на преговарачкиот процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во чест на 11 Октомври во Прилеп 1.200 ученици го формираа македонското знаме

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил поранешниот претседател на ДИК, Чичаковски кој стана судија во Управниот суд

Редакција

Привремено стопирана продажбата на “Славија„

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја официјализираа соработката за локалните избори

Редакција