еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Привремено стопирана продажбата на “Славија„

Продажбата на АД „Славија“ е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност постапил по барањето на поранешниот сопственик на акциите на ова акционерско друштво, Кирил Кочевски, соопшти денеска Секторот за односи со јавноста на Владата, реагирајќи на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за кои се посочува дека се „целосно неточни и манипулативни“, дека наводно Агенцијата за управување со одземен имот се откажала од продажбата на акциите на „Славија“.

– Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресудата за одземање на акциите на АД „Славија“ поради сторено кривично дело.

Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од Судот, се наведува во соопштението.

Од владината прес-служба посочуваат дека Управниот одбор на Агенцијата врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка добиен од Судот и согласно досегашната пракса, одлучил времено да ја запре постапката за продажба.

– Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека Агенцијата се откажала од продажбата на акции, се додава во соопштението.

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска на прес конференција излезе со тврдење дека „власта и СДСМ се откажале од продажба на АД „Славија“, признавајќи ја вината“.

– Сакаа да ја продадат на криминален начин, за без пари, да си ја присвојат и потоа да профитираат во милионски суми. Продажбата сакаа да ја направат на незаконски начин, без проценки, без реални вредносни суми на имотот и она што е најинтересно во вакуум период помеѓу смена на две гарнитури од СДСМ и непосредно пред Нова Година, мислејќи дека никој тоа нема да го види, изјави Арсовски.

Претходно, и во соопштение ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека власта ја стопирала продажбата на „Славија“.

– Стопирањето на продажбата на „Славија“ е признание за матниот бизнис, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија овој криминал – за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони, се тврдеше во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се продава тоа што остана од „Славија“, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека се нуди за багателна цена

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Обвинителството

Редакција

Денеска истекува рокот за преименување на бугарските клубови

Редакција

Пациентите со делта сојот на Ковид-19 не биле вакцинирани, еден е во многу тешка состојба

Редакција