Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми, кој синоќа во инцидент во македонското Собрание повреди и пратеници, беше и министер за образование и наука.
Што му пишува во биографијата
Адеми е роден на 25 септември 1985 година во Опае, Липково.
Тој е доктор по правни науки.
Докторски студии завршил на Правниот факултет на Универзитет во Тирана – Албанија.
Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.
Има положено правосуден и нотарски испит.
Кариера
Од 2010 година е професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, а од 2016 до 2017 бил заменик претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања.
Во 2010 година бил консултант на министерот за труд и социјална политика, а претходно работи како асистент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово и Факултетот за бизнис администрација, каде одреден период бил и продекан за наставни прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адеми од ДУИ на „тапет“ на Твитер за инцидентот во македонското Собрание
Фото: Фејсбук/Адеми