еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДУИ за насилничкото однесување на нивниот пратеник Адеми ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го осудува насилството што на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците, стои во реакцијата на владејачката ДУИ, чии пратеник Арбер Адеми се однесуваше насилно во Собранието и со шолја за кафе и пластично шише гаѓаше пратеници.

“Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем.

На седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии употребуваат насилство за да ја блокираат работата на Комисијата и тоа токму пратеници кои се под истрага поттикнаа инцидент и ја прекинаа седницата.

Демократската унија за интеграција ги информира граѓаните и пошироката јавност дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападен евро-американски дух и ќе ја поддржи реализацијата на реформската агенда во партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија“, велат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адеми од ДУИ на „тапет“ на Твитер за инцидентот во македонското Собрание

(Видео) Насилство во Собрание: Адеми од ДУИ со шолја за кафе го погоди Азири од Алијанса, а Милошески од ВМРО-ДПМНЕ со шише

Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, ќе им ги скршиме рацете и нозете, вели државниот секретар Азири

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„На личните карти да ни пишува дека сме сиромашни„: Твитер реакции за внесувањето и на етничката припадност

Редакција

Иран призна дека испорачувал борбени беспилотни летала на Русија

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 349 пациенти суспектни и болни од Ковид-19

Редакција