еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

На македонски државајнин кој уби две сестри во Тирана, му се заканува доживотен затвор

На македонскиот државјанин Перпарим Адеми (60), кој на 31 декември 2020 година изврши двојно убиство во Тирана му се заканува казна доживотен затвор.

-Обвинителството денеска побара доживотен затвор за Перпарим Адеми, кој утрото на 31 декември 2020 година смртно ги застрела сестрите Кристина Барди и Жанета Метани, во нивниот стан во населбата „Астир“ во Тирана, пренесува Ора њуз.

Тој со рафал од автоматска пушка најпрво ја усмртил Жанета, со која бил во љубовна врска, на која таа сакала да и стави крај, а потоа и нејзината сестра Кристина.

Според полицијата пред неколку години Перпарим го сменил презимете од Тела во Адеми. Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите, по што се дал во бегство, но по неколку часа беше приведен и го призна делото.

Пресудата треба да биде соопштена на 7 јули 2022 година.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 1,4 милиони евра

Редакција

Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата

Редакција

Доктор Кунгуловски објаснува зошто треба да се вакцинирате против Ковид-19

Редакција