еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска: Најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска најавува умерена нагорна ревизија на проектираната инфлација од 2,2 проценти.

Во изјава за медиумите, Ангеловска-Бежоска рече дека со оглед на движењето на цените на храната и на енергенсите, најверојатно ќе биде направена умерена нагорна ревизија на инфлацијата со следните макроекономски проекции.

– Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата.

Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции, кој е во фаза на финализација, изјави Ангеловска-Бежоска.

Инфлацијата, како што додаде, засега се очекува да остане во умерени рамки, како што предвидува и Меѓународниот монетарен фонд.

Во однос на стабилноста на денарот, гувернерката повтори дека оптимална стратегија е стратегијата на одржување на стабилен девизен курс, а причината за тоа, како што рече, е структурата на домашната економија.

– За да може оваа стратегија да се одржува стабилно од клучно значење е нивото на девизни резерви. Нивото на девизни резерви согласно сите меѓународни стандарди се одржува на високо солидно ниво, оцени Ангеловска-Бежовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата ќе достигне 3,1% и ќе се намали на 2,2 следната година, предвидуваат од ММФ

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков е Бизнис-планот на Алкалоид за 2023 година

Редакција

Извадени два тумори од кои еден со огромни димензии од пациентка која со години ја „шетале“ по клиники

Редакција

(Видео) Одземени над 200 килограми тутун поради неплатени давачки

Редакција