еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 763.031, трета доза примиле 1.197 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 како прва доза, 2.509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани.

Како што информираат од Министерството, 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

-Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 45 осто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 осто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 осто од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И обвинетиот Сајковски побара ослободителна пресуда во предметот „Титаник 2“

Редакција

Додека сите очи се вперени во Ципрас: Сé уште нема договор за законот за јавно обвинителство

Редакција

За транзит низ Македонија не е потребен ПЦР тест за државјаните на Србија, Црна Гора, БиХ и Косово

Редакција