еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат до два ипол денари за литар

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,41 отсто, информираат од Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси (РКЕ).

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се зголемуваат за два денари за литар, и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 75,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 77,50 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на еуродизел изнесува 67,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре и сметководителите на протест, ќе им се придружат на туристичко-угостителските работници

Редакција

Фершпед лани работел со добивка

Редакција

„ИРД инженеринг“ понуди најдобар квалитет и цена, велат од Државни патишта за надзорот за изградбата на Коридор 8 и Коридор 10д

Редакција