еМагазин
Image default
Бизнис

Макстил ја зголеми добивката и приходите

Макстил АД – Скопје за периодот јануари – јуни 2021 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните поединечни финансиски извештаи, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Во извештајниот период се остварени приходи од работење во износ од 2,97 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 98,7%. Споредено со истиот период од 2020 остварените приходи од работењето (2,22 милијарди) се повисоки за 33,7%.

Покрај разликата во испорачаните количини и поповолните ценовни односи, во извештајниот период е евидентна и разлика и во структурата на испораките во полза на поголемо учество на сопствените продажби за сметка на испораките по основ на договори за преработка.

Останатите деловни приходи во првото полугодие на оваа година изнесуваа 30,2 милиони денари, споредено со истиот период од минатата година кога беа во износ од 22,8 милиони денари, што воглавно се должи на наплатена штета од осигурување на основни средства.

Во првите шест месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 2,48 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 95%.

Споредено со истиот период во 2020 година остварените расходи од работењето  (1,99 милијарди денари) се повисоки за 25%, што воглавно се должи на зголемениот обем на производство во текот на овој период, како и зголемување на трошоците на влезните материјали и енергенси.

Добивката пред оданочување во извештајниот период е 270 милиони денари и е повисока од остварената во првата половина од 2020, додека нето добивката изнесува 243 милиони денари и е повисока од остварената за истиот период во минатата година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макстил лани ја зголеми добивката

Макстил доби А-интегрирана еколошка дозвола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ер Србија ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023, најавуваат од ТАВ Македонија

Редакција

Македонски транспортери заглавени на границите на Украина со Полска и Романија

Редакција

„Енерџи активе“ го доби тендерот на „Национална радиодифузија“ за набавка на струја вреден 479.000 евра

Редакција