еМагазин
Image default
Бизнис

Макстил лани ја зголеми добивката

Макстил АД Скопје за периодот јануари – декември 2020 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните поединечни финансиски извештаи, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Во извештајниот период се остварени приходи од работење во износ од 4 милијарди денари, од кои  приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 98%.

Споредено со 2019 остварените приходи од работењето (5,3 милијарди) се помали за 23,5%.

Добивката пред оданочување во извештајниот период е 91,5 милиони денари и е неколку пати повисока од остварената во 2019, додека нето добивката изнесува 82,4 милиони денари.

Во текот на 2020 остварените расходи од работењето изнесуваат 3,52 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 60%.

Споредено со истиот период во 2019 година остварените расходи од работењето  (5,67 милијарди денари) се пониски за 38%, што воглавно се должи на намалениот обем на производство во текот на овој период како и на подобрениот извадок старо железо – слаб“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владиниот Генерален секретаријат ќе потроши 30.000 евра на набавка на камери за препознавање регистерски таблички на возила

Редакција

Емилија Нацевска и Ана Митреска предложени за вицегувернерки на Народната банка

Редакција

Испораката на природен гас за Македонија не е прекината, имаме алтернативи, тврди Бектеши

Редакција