Додека трае истрагата, кој е докторот кој 67-годишна жена болна од Ковид-19 две недели ја третирал со инфузии, без да остави медицинска белешка што ѝ давал, лекарите ги предупредуваат граѓаните да внимаваат, и лечењето на коронавирусот да го третираат преку матичен лекар или специјалисти.
Матичниот лекар Бојан Трајковски, за телевизија „Сител“ изјави дека и не секој пациент треба да биде третиран со инфузии.
„Пациенти од немоќ, од желба за побрзо оздравување, несфаќање на целата ситуација, вртат по телефони и секој еден пушта инфузии. Тоа е недозволиво.
Една работа е многу битна, а тоа е, не секој пациент е за инфузија. Ние имаме состојба во која целиот имунолошки систем и турнат и нормално е да си омалаксан, да имаш температура, нормално е да ти е лошо. Но тоа не значи, дека веднаш треба инфузија“, вели Трајковски.
Според него, и доколку има домашна посета од страна на лекар, таа треба да заврши со медицинска белешка во која би стоело и зошто и како пациентот е третиран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се уште не знае кој е лекарот кој во домашни услови лечел болна со Ковид-19, по што таа починала
Фото:Unsplash